Деле Али синоќа го напушти натпреварот против Тунис пред последниот судиски свиреж.
Одличниот играч за врска во 80. минута го замени Рубен Лофтус-Чик, а причината беше повредата на Али, потврдуваат од англиската репрезентација. За сега не е познато колку повредата е сериозна, Али го пропушти денешниот тренинг за да оди на прегледи на кои ќе се потврди природата на повредата, а резултатите од прегледите ќе ги дознаеме во текот на денот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
За репрезентацијата на Англија повредата на одличниот играч би бил голем удар, кој би можел да има значително влијание врз понатомониот тек на првенството, кога станува збор за Гордиот Албион. Потсетуваме, Англија ја победи Тунис со 2:1 со двата гола на Кејн.