Договорот на фудбалерот на Барселона, Хавиер Маскерано, откри каде би сакал да ја продолжи кариерата.
Маскерано договорот со Барселона го обврзува до до јуни 2019 година, а претходно често пати даваше изјави во кои зборуваше дека се заситил од европскиот фудбал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Верувам дека би можел да отворам уште едно поглавје во Ривер Плата. Доколку тој трансфер не се реализира би можеле да ме обвинат дека лажев. Мојата иднина нема врска со пари. Се навикнав да одлучувам, но сега тоа ќе го направи моето семејство. Не можам да ги заборавам своите деца и нивната ситуација“, изјави Маскерано.
Аргентинскиот дефанзивец за клубот од Буенос Аирес настапуваше од 2003 до 2005 година, потоа го носеше дресот на Коринтијас, Вест Хем, Ливерпул и Барселона каде што е од 2010 година.
Маскерано за Барселона одигра 202 натпревари и постигна еден погодок. Освои четири титули во Ла Лига и Купот на Шпанија, три шпански Суперкупа, две титули во Лигата на шампионите, два Суперкупа и две Светски клупски првенства.