Дома Трансфер зона Каде ли ќе заврши – Патрик Шик сега пред трансфер во Рома!

Каде ли ќе заврши – Патрик Шик сега пред трансфер во Рома!

Патрик Шик навистина поминува низ бурен период во неговата кариера.

Фудбалерот кој настапува за Сампдорија на почетокот на преодниот рок беше пред трансфер во Јувентус, но како што е познато не ги помина медицинските прегледи, а потоа Интер се појави како најсериозен конкурент, но на крајот тој нема да потпише ниту за Интер.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Чехот во овој момент е пред трансфер во Рома, причината за пропаѓањето на трансферот во редовите на Интер е што „нероаѕурите“ не сакаа да влезат во преговори со Сампдорија.

Екипата од Џенова, покрај парите го сакаше и Едер, додека Интер не сака така лесно да се откаже од споменатиот фудбалер.

Рома е спремна да ја искористи оваа ситуација и да се обиде да го доведе Шик во своите редови, наводно веќе и испратиле понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…