Дома Фудбал „Кадена Сер“: Што и да се случи Зидан останува тренер на Реал!

„Кадена Сер“: Што и да се случи Зидан останува тренер на Реал!

Шпанската „Кадена Сер“ пишува дека Зинедин Зидан ќе остане тренер на Реал Мадрид и следната сезона.

Според информациите на овој медиум во Реал донеле одлука за иднината на Зидан и на истата нема да влијаат резултатите кои Реал ќе ги оствари до крајот на сезоната.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Вечерва „кралевите“ гостуваат кај Челзи во реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите откако првиот натпревар заврши 1:1. Покрај тоа Реал е во трка со Атлетико и Барселона за титулата во Ла Лига.

На четири кола пред крајот тимот на Зидан заостанува два бода зад градскиот ривал.

Со Реал Зидан на два пати ја освојуваше Ла Лига, три пати Лигата на шампионите, три домашни Суперкупа, два Суперкупа на УЕФАА и две ФИФА Светски клупски првенства.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблем за Реал, заврши сезоната за Карвахал

Реал Мадрид скапо ја плати победата над Виљареал од 2-0, откако во самиот финиш од мечот т…