Дома Фудбал Останато Кавани не бил среќен во ПСЖ

Кавани не бил среќен во ПСЖ

Уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани не бил среќен во францускиот шампион Пари Сент Жермен, пренесуваат француските медиуми.

Шпекулациите за негово враќање во Наполи за време на летниот преоден рок се се погласни.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Минатото лето претседателот на Наполи ја отвори вратата за Кавани, но трансферот не се реализираше поради финансиските услови кои ги постави ПСЖ.

Кавани има договор со ПСЖ до 2020 година, но напаѓачот може да си замине од Париз следното лето бидејќи не е среќен на „Паркот на принцовите“, пренесува еминентниот „Екип“.

Весникот дополнува дека Кавани не е во дорбри односи со ѕвездите Нејмар и Мбапе и чувствува дека го загубил влијанието во соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дел Пјеро удри по Интер: Тоа не им требаше!

Легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро, јавно го критикуваше тренерот на Интер, Кристи…