Дома Актуелно И Полска остана без селектор по Мундијалот

И Полска остана без селектор по Мундијалот

Репрезентацијата на Полска играше во осминафиналето на неодамна завршеното Светско првенство во Катар, но тоа не беше доволно нивниот селектор Чеслав Михњевич да ја задржи работата.

Полскиот фудбалски сојуз денеска соопшти дека на 52-годишниот Мичњевиќ, чиј договор истекува на крајот на годината, нема да му биде продолжена соработката.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


На Светското првенство во Катар, Полјаците беа во групата Ц заедно со светските шампиони Аргентина, Мексико и Саудиска Арабија и стигнаа до нокаут фазата како второпласирани.

Во осминафиналето беа поразени со 3:1 од Франција, која се пласираше во финалето.

Михневич на полската клупа мина 11 месеци, откако во јануари годинава го наследи Португалецот Пауло Соуза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Цел Манчестер зборува за потегот на Гвардиол во 98. минута од натпреварот во Лондон (Видео)

Фудбалерите на Манчестер Сити успеаја да остварат победа на гости кај Фулам во неверојатен…