Вечерва беа одиграни два натпревари од 33-тото коло во англиската Премиер лига.
Манчестер Јунајтед гостуваше кај Вулверхемптон и повторно „црвените ѓаволи“ доживеаа пораз од овој тим. Минатиот месец во ФА Купот ги победија со 2:1 и вечерва беа подобри со истиот резултат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јунајтед се бори за пласман во Лигата на шампионите и ова за нив беше навистина важен натпревар, но Солскјер одлучи малку да ротира бидејќи му следи натпреварот против Барселона.
Успеа Јунајтед да стигне до водство кога Мектомини погоди во 13-тата минута, но веќе во 25-тата минута Јота изедначи на 1:1.
Тој резултатот беше активен до полувремето, а еден од поважните моменти се случи во 57-та минута кога Ешли Јанг заработи црвен картон. Неговиот црвен воедно беше 100-ти јубилеен кој во кариерата го дал судијата Мајк Дин кој така влезе во историјата како единствен судија со 100 црвени картони во Англија.
Со играч помалку Манчестер Јунајтед се држеше до 77-та минута. Тогаш Крис Смолинг си постигна автогол и Вулвс стигна до победа.
Во вториот натпревар кој се играше вечерва Фулам забележа пораз на гости кај Вотфорд и така и официјално испадна од Премиер лигата иако изминатото лето потрошија 112 милиони евраа со што му се придружи на прехтодно испаднатиот Хадерсфилд.
Докуре, Хјус, Денеј и Кико погодуваа за Вотфорд, додека Бабел го постигна единствениот гол за гостите.