Дома Фудбал Репрезентации Ихеаначо само полесно повреден, настапот на СП не е во прашање

Ихеаначо само полесно повреден, настапот на СП не е во прашање

Во репрезентацијата на Нигерија можат да здивнат. Иако повредата која ја здоби Ихеаначо пред пријателскиот натпревар против Србија на прв поглед делуваше сериозно, прегледите го докажаа обратното.

Напаѓачот на Лестер Сити се здоби со повреда на зглобот, а прегледите покажаа дека опоравувањето ќе трае десет дена, што значи дека неговиот настап на СП не е под знак прашање.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тоа го потврдија и од таборот на премиерлигашот, но нема да брзаат со враќање на теренот.

 

Да потсетиме, Ихеаначо е член на Лестер од август минатата година кога пристигна од Манчестер Сити. Оваа сезона одигра 15 натпревари во првенството и постигна еден гол и две асистенции.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дембеле, Мбапе, Рафиња, Салах: ФИФА ги објави кандидатите за наградата „The Best“

ФИФА ја објави листата на кандидати за најдобар играч, тренер и голман во женската и машка…