Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез е голема желба на Барселона.
Каталонците овој 22-годишен играч го гледаат како вистинска замена за Луис Суарез кој веќе е во поодминати години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За трансфер на овој играч на Камп Ноу се преговара веќе долго време, а како што тврди Газета дело Спорт, Интер веќе одбил една понуда од Барселона.
Кога Барса нема услови да понуди 111 милиони евра, на Нороаѕурите ги понудиле Артуро Видал и Фирпо.
Меѓутоа, од Меаца стигнал негативен одговор. Интер постави јасни услови дека покрај играчите сака уште 90 милиони евра, а тоа е сума која моментално е преголема за Каталонците.
Каталонски Спорт пред неколку дена пишуваше дека Интер бара 90 милиони евра, Артуро Вида и Гризман на едногодишна позајмица.
Интер нема така лесно да се откаже од Аргентинецот, а покрај Барса за него се интересираат уште и Јунајтед, Челси и Сити.