Дома Топ вести Италија на нозе: Мурињо ја носи ѕвездата на Реал Мадрид

Италија на нозе: Мурињо ја носи ѕвездата на Реал Мадрид

Жозе Мурињо сака значително да го засили тимот на Рома ова лето и следната сезона да се бори за врвот.

После освојувањето на Конференциската лига, раководството е спремно да му даде солиден буџет  на „Специјалниот“, а веќе пристигна првото засилување, Немања Матиќ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми пренесуваат дека Мурињо работи на доведување на уште една голема ѕвезда, а станува збор за Герет Бејл.

Бејл во моментов е слободен агент откако му заврши договорот со Реал Мадрид, а Мурињо има одличен однос со Велшанецот.

Велшанецот има понуди од Премиер лигата, но е спремен да ја прифати понудата на Мурињо и да се пресели во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…