Дома Фудбал Италија Италија бара Бразил веднаш да го екстрадира Робињо

Италија бара Бразил веднаш да го екстрадира Робињо

Поранешниот бразилски напаѓач се соочува со проблеми.

Некогашната ѕвезда на Реал Мадрид и Милан е осуден за cилyвање, оваа казна беше потврдена и од италијанскиот суд. Со тоа Робињо веќе нема право на жалба и одлуката е ставена на сила веднаш.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Поради ваквата ситуација Италија издаде барање за екстрадација од Бразил. Робињо е осуден заедно со неговиот пријател Рикардо Фалко. Двајцата учествувале во групно cилyвање во милански ноќен клуб, казната која ја доби Робињо е пет години.

Како што налагаат италијанските закони издржувањето треба да започне веднаш. Но, не е исклучено тој да помине без казна затоа што ретко се случува Бразил да ги екстрадира своите државјани, тоа значи дека Робињо ќе биде на слобода, но нема да смее да ја напушти својата земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Згаснува идејата за Суперлига: Барселона ќе го напушти проектот!?

Барселона сериозно размислува да се повлече од проектот за Суперлигата, откако односите на…