Дома Фудбал Останато Италијанците тврдат: Доаѓа крајот на ерата на Симеоне во Атлетико – Милано следна дестинација?

Италијанците тврдат: Доаѓа крајот на ерата на Симеоне во Атлетико – Милано следна дестинација?

Aко судиме според информациите кои вечерва пристигнуваат од Италија, доаѓа крајот на циклусот на Диего Симеоне во Атлетико Мадрид.

Вестите од Италија се дека раководството на Атлетико Мадрид му дало дозвола на Симеоне да бара нова средина после слабите резултати. Аргентинскиот стратег ги одведе „јорганџиите“ до врвот на европскиот фудбал, под негово водство играа две финалиња во ЛШ, ја освоија Лигата на Европа и Ла Лига.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Симеоне има договор до 2024 година и е еден од најплатените тренери во светот. Меѓутоа исто така има клазула за раскин на договорот ако изостане пласман во Лигата на шампионите. Такво нешто беше блиску минатата сезона, но Атлетико сепак заврши во топ 4.

Кариерата аргентинскиот стратег би можел да ја продолжи во Интер каде што некое време се бараат нови газди. Интер и претходно имаше контакти со Симеоне, но поради неговата висока плата договорот не беше можен. Ако навистина дојде до промена во раководството наскоро, Симеоне тогаш би можел да биде опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тренираше во Сити со Халанд и Де Брујне, но се откажа од фудбал = ќе имал досаден живот, сакал да учи!

Поранешниот млад талент на Манчестер Сити, Хан Вилхофт-Кинг, го изненади фудбалскиот свет …