Џанлуиџи Буфон денес соопшти дека нема да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен и дека после само една сезона ќе го напушти францускиот клуб.
Буфон во ПСЖ стигна минатото лето откако одлучи да го напушти Јувентус и со овој клуб потпиша договор на една година со можност тој да биде продолжен на уште еден, но тоа не се случи и Италијанецот денес потврди дека го напушта клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот голман се поврзуваше со директорска позиција во неговиот поранешен клуб Јувентус, но сега во Италија се појавија поинакви информации.
Медиумите во Италија откриваат дека Буфон се уште не сака да ја заврши кариерата и како што сега стојат работите наредната сезона нема да го гледаме на голот на некој италијански клуб. Се шпекулира дека во овој момент најголеми шанси да го доведе има Парма каде што настапуваше пред да се пресели во Јувентус.
Буфон за Парма дебитираше во 1995 година, за потоа летото 2001 година го напушти клубот и потпиша за Јувентус. Голот на „старата дама“ го бранеше дури 17 години.
Не е тајна дека Парма сака да го врати Буфон, а сега изгледа истото го сака и легендарниот голман. Неговата приказна би можела да заврши на најдобар начин и после 18 години може да се врати во клубот каде што започна неговата голема кариера.