Џадон Санчо стана вистинска сензација на еворпскиот фудбал после одличните настапи во дресот на Борусија Дортмунд.
Со само 18 години Санчо игра фантастично во Бундес лигата и на Борусија Дортмунд ќе и биде навистина тешко да го задржи. Сега како фаворит за негово доведување се истакнува италијански Јувентус.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Управата на италијанскиот клуб наводно е спремна да издвои дури 80 милиони евра со цел да го доведат во своите редови, но тие не се единствени, интерес за Санчо покажуваа уште Манчестер Јунајтед и ПСЖ.
„Милионерите“ секако не би сакале да го избегат супер талентираниот фудбалер, меѓутоа се прашува и самиот фудбалер кој веќе го носи епитетот „чудо од дете“.
Санчо оваа сезона на 17 натпревари, сметајќи ги сите натпреварувања постигна пет погодоци и запиша осум асистенции.