Дома Фудбал Италија Италијанците најавуваат: Рома на клупата враќа добро познато име!

Италијанците најавуваат: Рома на клупата враќа добро познато име!

Раководството на Рома е во потрага по нов тренер откако отказ доби Иван Јуриќ, а според последните информации фаворит за клупата на „волчицата“ е добро познато име во Рим.

Родениот римјанин, Клаудио Раниери според најавите по третпат ќе седне на тренерското столче на Рома.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Најавите се дека Раниери ќе стави потпис на договор до крајот на сезоната, но ќе има и директорска функција која би ја извршувал паралелно со тренерската.

Раниери минатата сезона успеа да го спаси Каљари од испаѓање и бидејќи има 73 години објави крај на кариерата, но понудата од Рома веројатно го натерала да се врати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ајнтрахт одби 80 милиони од Њукасл за Екитике

Ајнтрахт Франкфурт ја отфрли понудата од Њукасл за Уго Екитике, пренесува Флоријан Плетенб…