Дома Фудбал Рускиот великан нуди 20 милиони евра за напаѓачот на Рома

Рускиот великан нуди 20 милиони евра за напаѓачот на Рома

Зенит испратил понуда од 20 милиони евра за напаѓачот на Рома Тами Абрахам, пренесува Џанлука Ди Марцио.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рускиот великан исто така подготвил тригодишен договор за Англичанецот со плата од 5 милиони евра годишно, но според информациите, самиот играч не сака да се пресели во Санкт Петербург и најверојатно ќе го одбие ваквиот трансфер.

Абрахам е во сопственост на Рома, но го помина минатата сезона на позајмица во Милан, кој нема намера да го задржи постојано, иако 27-годишниот фудбалер одигра 45 натпревари со 10 гола и 7 асистенции за “росонерите”.

За “волците”, пак, младинецот на Челси има вкупно 120 натпревари со 37 голови и 13 асистенции, но не е исклучено клубот да се раздели од него ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го потврди засилувањето од 35 милиони евра

Интер го официјализираше ангажманот на Џед Спенс (26) од Тотенхем. Англискиот репрезентати…