Дома Фудбал Италија Италијанските медиуми откриваат како Гатузо во карантинот ги мотивира фудбалерите!

Италијанските медиуми откриваат како Гатузо во карантинот ги мотивира фудбалерите!

Џенаро Гатузо прави се за да го извлече Милан од длабоката криза во која се наоѓа.

„Росонерите“ се наоѓаат на осмото место на табелата во Серија А, ги загубија сите дерби натпревари оваа сезона, па пласманот во Лигата на шампионите е доведен под голем знак прашалник.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тренерот на Милан посебно го погоди однесувањето на фудбалерите по тешкиот пораз од Верона (3:0), после што одлучи да воведе карантин во Миланело. Ја откажа традиционаната божиќна вечера, а доколку неговиот тим изгуби од Аталанта во карантин и ќе останат.

Италијанските медиуми пишуваат дека во текот на целиот ден екипата е заедно во тренинг кампот, а Гатузо одлучил да ги мотивира фудбалерите со провокацијата на Иван Перишиќ по ремито против Беневенто.

Милан на 27 декември ќе игра против Интер во четвртфиналето од Купот на Италија, а ќе биде интересно после се да се види како екипата ќе влезе во тој натпревар после се. Сигурно дека на теренот против Интер ќе истрча мотивиран тим кој ќе сака само победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …