Дома Фудбал Италија Италијанските медиуми: Го виде некој Јувентус?

Италијанските медиуми: Го виде некој Јувентус?

Јувентус игра непрепознатливо од почетокот на сезоната, но до сега критиките кон тимот и новиот тренер Андреа Пирло не беа толку силни.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите на Апенините меѓутоа жестоко го критикуваа италијанскиот шампион после поразот од Барселона во Лигата на шампиони.

Каталонците победија со 2:0 во Торино, а домаќините кои беа без Кристиано Роналдо целосно потфрлија на мечот, тврдат медиумите во Италија.

Торинскиот весник „Тутоспорт“ на насловната страна излезе со прашање: „Некој го виде Јувентус?“.

„Газета дело Спорт“ и „Кориере“ излегоа со слични наслови „Јувентус остана во офсајд“, алудирајќи на поништените голови на Мората поради офсајд позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Трагикомедија во Кочани: Фудбалскиот клуб остана без терен – го претвориле во нива со жито!

Во кочанското село Уларци се случи вистинска трагикомедија: новиот фудбалски клуб остана б…