Напаѓачот на Ремс е новата француска ѕвезда која го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Екитике има само 19 години, а оваа сезона блеска во дресот на Ремс и на 19 меча веќе постигна 10 гола и запиша 3 асистенции.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Скаутите на многу европски гиганти ги следат неговите настапи, а експертите му предвидуваат голема кариера.
Екитике е централен напаѓач, но може да игра и како крило, а најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Милан и Интер.
„Росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и спремаат понуда за да го донесат на „Сан Сиро“.