Салцбург одигра одлична сезона и промовираше неколку млади таленти предводени од Ерлинг Халанд.
Друг фудбалер на австрискиот тим кој го привлече вниманието на многу европски гиганти е играчот за врска Доминик Собослај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
19-годишниот унгарски репрезентативец важи за еден од најголемите таленти во Европа и може да игра на сите позиции во средниот ред, па веќе неколку клубови ја започнаа трката за неговиот потпис.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан, Лацио и Наполи ќе водат голема битка за неговиот потпис ова лето.
Собоцлај е голема желба на Ралф Рагник, кој најверојатно ќе биде нов тренер на „росонерите“ следната сезона. Од друга страна Лацио во него гледа идеална замена за Милинковиќ-Савиќ.
Цената на Собоцлај во моментов изнесува 25 милиони евра, а Милан е првиот клуб кој започнал преговори, па затоа важи за фаворит во трката.