Дома Трансфер зона Италијанскиот гигант испрати понуда до Антонио Конте

Италијанскиот гигант испрати понуда до Антонио Конте

Антонио Конте, поранешниот тренер на Челзи и Јувентус ќе добие прилика да го води Милан.

Познатиот италијански репрезентативец, поранешен селектор на таа земја и освојувач на многу трофеи со Јувентус, Конте ова лето ја прекина соработката со Челзи, но наскоро би можел да добие нова работа. Милан е подготвен да понуди повеќе од шест милиони евра по сезона, а Конте ќе мора да се изјасни дали ќе седне на клупата на Милан или ќе чека некоја друга прилика.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Иако ново стариот директор на „Росонерите“, Леонардо тврди дека Гатузо ќе остане тренер, се погласни се приказните за заминување на популарниот Рина, иако треба да се нагласи дека Милан ќе има одредени проблеми со именување на Конте поради тоа што Конте влезе во правна битка со поранешниот клуб.

Тој смета дека е неправедно да биде отпуштен од Челзи и бара надоместок на штета во висина од околу девет милиони фунти за преостанатата година од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …