Дома Фудбал Останато Истражување на ЦИЕС: Манчестерските клубови највредни во светот, ПСЖ на трето место

Истражување на ЦИЕС: Манчестерските клубови највредни во светот, ПСЖ на трето место

Според истраќувањето на Меѓународната фудбалска опсерваторија (ЦИЕС) најмногу потрошено пари на формирањето на тимот има Манчестер Сити.

Кога ќе се погледна реалната вредност на фудбалерите нема сомневање дека ПСЖ со Донарума, Вајналдум, Рамос и Меси го има најскапиот тим на планетата. Откако ПСЖ изминатите месеци бесплатно како слободни агенти ги регистрираше овие фудбалери, вкупно на својот тим има потрошено 939 милиони евра. Најмногу потрошиле на Нејмар и Килијан Мбапе, повеќе од 300 милиони евра.

Пред нив најголеми „трошаџии“ се Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, тимови кои вредат преку милијарда. Тимот на Гвардиола е највреден, но и понатаму не можат да стигнат до толку посакуваната Лига на шампионите. Можеби 100 милиони евра вредниот Грилиш ќе им помогне во таа цел оваа сезона. Вкупната вредност на тимот на Сити е 1.000.000.80 евра.

Зад Сити е Манчестер Јунајтед кој сезонава плати 85 милиони евра за Санчо, 40 за Варан, а Роналдо „ѓаволите“ ќе го исплаќаат на пет годишни рати. Вредноста на екипата која ја предводи Оле Гунар Солскјер изнесува 1.000.000.023 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се сеќавате на Хозе Минала? Денес има 25 години и се врати во Италија

Камерунскиот фудбалер Хозе Минала во 2014 година се најде во центарот на вниманието на спо…