Дома Фудбал Италија Истражуваат 62 сомнителни трансфери во Италија, повеќето од Јувентус

Истражуваат 62 сомнителни трансфери во Италија, повеќето од Јувентус

Италијанското обвинителство започна истрага за 62 сомнителни трансфери во Серија А, пренесува „Република“.

Специјална комисија која е одговорна за дејствата на италијанските клубови испратиле претставка до обвинителот Џузепе Чине и до претседателот на италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Се посолува дека е можно при повеќето трансфери да има „вештачки“ повишени цени, бидејќи многу со сомнителните трансфери се размена на фудбалери.

Во списокот се разгледува и трансферот на Виктор Осимен во Наполи, бидејќи како дел од трансферит дури четворица играчи одат во Лил за вкупна сума од 20 милиони евра.

Двајца од нив сега играат во четврта лига во Италија, еден во трета лига, а четвртиот е во Франција, но воопшто не игра.

Повеќето од сомнителните трансфери се на Јувентус, односно точно 42 трансфери.

Нереално изгледа како при размена на 21 играч Јувентус остварил приход од 90 милиони евра, а реалната цена за која подоцна биле продадени истите фудбалери е 3 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ајнтрахт одби 80 милиони од Њукасл за Екитике

Ајнтрахт Франкфурт ја отфрли понудата од Њукасл за Уго Екитике, пренесува Флоријан Плетенб…