За прв пат во историјата на италијанскиот гигант Милан ќе носи спонзорски натпис на дресот под бројот на играчите.
Милан денес и официјално го потпиша спонзорскиот договор со германската осигурителна компанија „Wefox“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За прв пат новиот спонзор ќе се најде на дресовите на Милан веќе во петок на мечот со Удинезе, а „росонерите“ годишно ќе добиваат помеѓу 6 и 8 милиони евра.
Во последните години и половина генералниот директор Иван Газидис склучил 26 нови спонзорски договори со меѓународни компании, па приходите на Милан од следната сезона драстично ќе се зголемат, пренесува „Газета дело Спорт“.
#wefox becomes the Club’s Official Insurance Partner and our first-ever Official Back-of-Shirt Partner ➡️ https://t.co/A1yI6mjyiH #wefoxitaly diventa Official Insurance Partner e il primo Official Back-of-Shirt Partner nella storia del Club ➡️ https://t.co/98ZV7NCWBR pic.twitter.com/0tsAv2LNFj
— AC Milan (@acmilan) February 21, 2022