Дома Останати Исланд ја шокира Унгарија и ја елиминира од ЕП

Исланд ја шокира Унгарија и ја елиминира од ЕП

Репрезентацијата на Исланд ја  совлада Унгарија со 31:30, елиминирајќи го домаќинот од ЕП пред 20 илјади фанови во Будимпешта.

Унгарците кои на стартот шокантно загубија и од Холандија, а потоа одвај ја победија Португалија со еден гол разлика, вечерва со поразот од Исланд се простија од турнирот, што сигурно е големо изненадување.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Мечот беше исклучително драматичен, на крајот Унгарците имаа шанси за реми, но  но обидот на Лекаи го одбрани голманот на Исланд.

Кај Исланд најефикасни со по девет голови беа Елисон и Магнусон, а на спротивната страна Банхиди запиша шест погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

УЕФА ја казни Швајцарија поради знаме на УЧК

Дисциплинската комисија на УЕФА одлучи да го казни Фудбалскиот сојуз на Швајцарија со 92.0…