Дома Фудбал Репрезентации Исланд испиша историја: Емоции и радост за директен пласман на Мундијалот (Видео)

Исланд испиша историја: Емоции и радост за директен пласман на Мундијалот (Видео)

Фудбалерите на селекцијата на Исланд со триумф против Косово на стадионот во Рејкјавик со 2:0 го обезбедија својот пласман на Мундијалот во Русија.

Поведоа со погодокот на Сигурдсон во 40. минута, а победата ја заокружи Гудмундсон во 68. минута.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Со трите освоени бода, Исланд се најде на првата позиција во групата И, и директно се пласираше на собирот на најдобрите светски селекции, пред Хрватска која својата шанса ќе ја бара преку бараж.

Исланд за првпат ќе учествува на СП, и со тоа станаа најмалата земја на светот која се изборила за пласман на Мундијалот, а еве како се славеше на теренот во престолнината по последниот судиски свиреж.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака Камавинга

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга. Ру…