Дома Топ вести Интер ја сака ѕвездата на Манчестер Сити

Интер ја сака ѕвездата на Манчестер Сити

Јулијан Алварез блесна на Светското првенство и беше еден од најзаслужните за освоената титула на Аргентина.

Аргентинецот пристигна минатото лето на „Етихад“ за 18 милиони евра, но не добива голема минутажа.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Напаѓачот не може да се избори за место во стартниот тим покрај Халанд, па е спремен да ја промени средината.

Таквата ситуација е спремен да ја искористи Интер, кој сака да го доведе на „Џузепе Меаца“ на местото од Ромелу Лукаку.

„Калчомеркато“ пренесува дека „нероаѕурите“ се спремни да понудат 50 милиони за неговиот потпис, меѓутоа Гвардиола не сака да се откаже од Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Бензема може да потпише за Фенербахче

Карим Бензема после една година помината во Саудиска Арабија би можел да се врати во Европ…