Интер значително се засили во летниот преоден рок, но раководството веќе почна да работи на нови трансфери.
Како што пренесуваат италијанските медиуми претставници на Интер имале разгвор со агентот на Марио Геце и сакаат да го донесат во своите редови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нероаѕурите“ сакаат да го донесат Германецот на „Џузепе Меаца“ следното лето како слободен агент, бидејќи истекува неговиот договор со Борусија Дортмунд.
„Милионерите“ и фудбалерот не можат да се договорат за продолжување на соработката, па Интер сака да ја искористи таквата ситуација.
Геце во двата наврати за Борусија Дортмунд запиша 200 настапи до сега и постигна 42 гола. Притоа стана херој на нацијата кога со својот гол и ја донесе светската титула на Германија во 2014 година.