Италијанскиот гигант Интер е спремен да слушне понуди за големата ѕвезда на тимот Лаутаро Мартинез, пренесува „Газета дело Спорт“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аргентинецот пред само неколку месеци потпиша договор дп 2026 година и стана најплатен фудбалер во тимот со годишна плата од 7,5 милиони евра.




Лаутаро оваа сезона не игра на своето ниво, па во Интер сметаат дека сега е идеален момент за негова продажба бидејќи за Лаутаро интерес покажуваат неколку европски гиганти.




Финансиската ситуација во клубот не е добра, па со продажбата на Лаутаро „нероаѕурите“ сакаат да ги финансираат летните трансфери.




При евентуална продажба на Аргентинецот клубот сака да го донесе Џонатан Дејвид од Лил и Џанлука Скамака од Сасуоло.