Дома Фудбал Италија Интер со пресврт до победа против Фиорентина🎥

Интер со пресврт до победа против Фиорентина🎥

Интер со пресврт дојде до три бода на тешкото гостување против Фиорентина (1:3).

Фиорентина уште еднаш покажа дека е опасен противник сезонава и во 23-та минута дојде до водство со голот на Сотил, резултат со кој се замина на полувреме.

Интер во второто полувреме тргна фуриозно и стигна до пресврт во три минути. Најпрво Дармијан во 52-та, а потоа погоди и Џеко во 55-та минута.

Фиорентина остана со играч помалку во 78-та минута откако беше исклучен Гонзалез, а конечните 1:3 ги постави Перишиќ десет минути подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Борнмут со историски натпревар во Европа по поразот од Челси

Борнмут ќе го одигра својот прв европски натпревар на домашен терен против Штурм Грац, по …