Управата на Интер договори двајца талентирани играчи од Џенова.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Интер е на прагот на договорот со Џенова за купување на двајца млади фудбалери.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Станува збор за Пјетро Пелегри, 16-годишен напаѓач кој во сезоната зад нас дебитираше во Серија А, а со тоа успеа да постигне и еден гол. Тој така стана и најмладиот стрелец во историјата на првата италијанска лига.
Интер за неговите услуги ќе мора да плати 15 милиони евра, а уште толку би можеле да платат за евентуални бонуси.
Вториот играч кој од Џенова ќе се пресли на „Меаца“ е 15-годишниот Ентони Салседо, кој се уште нема запишано деби во Серија А, а во октомври ќе наполни 16 години.
За неговите услуги Интер ќе мора да плати 5 милиони евра, додека во името на различни бонуси, сумата би можела да стигне уште 25 милиони.
Двајцата уште две сезони ќе останат на „Луиџи Ферарис“, а токму од бројот на нивните настапи во Серија А ќе зависти колку пари од споменатите бонуси Џенова ќе заработи.
Исто така според договорот Џенова е обврзана за 5-6 милиони евра да откупи еден играч на Интер, а познато е дека се заинтересирани за Пушкаш, Ранокиа, Биабиани и Маинаж.