Милан и Интер се големи градски ривали, но тоа не е едно од оние ривалства кои можеме да ги наречеме „жешки“.
Не постојат конфликти, на дербињата се оди практично семејно, а ниту управите не се во лоши односи. Напротив. „Gazetta dello Sport“ тврди дека Интер сака да го купи дефанзивецот на Милан, Кристиан Запата. Клучот во целата операција го држи славниот фудбалер на Интер, Иван Кордоба кој е агент на Запата.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Кломбиецот не е во првиот план на Гатузо, не му помагаат ниту честите повреди, па овој потег би можел да биде решение за двете страни. Интер би му понудил двегодишен договор со опција за продолжување на уште една по тој.