Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е силно заинтресирана за дефанзивецот на Лацио, Фeлипе Луиз.
„Нероаѕурите“ внимателно ги следат настапите на 24-годишниот дефанзивец кој оваа сезона игра одлично во Серија А.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Договорот на дефанзивецот истекува 2022 година, но Лацио сака да го задржи и сигурно ќе му понуди нов договор.
Таквата ситуација сака да ја искористи Интер и да го доведе Фелипе Луиз без обештетување, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Инзаги одлично го познава дефанзивецот и сака повторно да соработува со него.