Дома Трансфер зона Интер одлучи: Го откупува Политано на крајот на сезоната!

Интер одлучи: Го откупува Политано на крајот на сезоната!

Интер ова лето во своите редови го донесе италијанскиот репрезентативец Матео Политано од Сасуоло на едногидишна позајмица со право на откуп.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека од таборот на „нероаѕурите“ се исклучително задоволни од Политано и на крајот на сезоната ќе ја активираат откупната клаузула.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Интер му плати на Сасуоло 5 милиони евра за позајмицата, а може да го откупи Политано за додатни 20 милиони евра.

Како што пренесуваат медиумите на Апенините, Интер уште сега одлучил сигурно да го задржи крилниот напаѓач.

Политано оваа сезона настапи на сите три натпревари во Серија А со дресот на „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…