Интер е во потрага по десен бек, а примарна цел е играчот на Арсенал, Хектор Белерин.
„Нероаѕурите“ во Белерин гледаат идеална замена за Мароканецот. 25-годишниот Шпанец скоро целата своја кариера ја помина во Арсенал, но веќе е уморен од недостатокот на амбиција на клубот и сака да ја промени средината за да се бори за трофеи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од Интер можат да му понудат редовно да се натпреварува во Лигата на шампиони, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Арсенал е спремен да го продаде, но проблем е што Интер сака позајмица со право на откуп следното лето. Самиот фудбалер притиска да се пресели во Милано, па се очекува двата клуба да најдат заеднички јазик.