Дома Фудбал Италија Интер и Брозовиќ се договорија, наскоро потпис

Интер и Брозовиќ се договорија, наскоро потпис

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер и Марсело Брозовиќ конечно постигнале договор за продолжување на соработката.

Преговорите за нов договор траеа подолго време бидејќи двете страни не можеа да најдат заеднички јазик.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Последните информации од Италија се дека сепак двете страни постигнале комплетен договор и наскоро Хрватот ќе стави потпис на нов договор.

Следната недела раководството ќе има средба со агентот на кој ќе бидат договорени последните детали, а потоа Брозовиќ ќе стави потпис на договор до 2025 година.

Според новиот договор хрватскиот плејмејкер ќе заработува 6 милиони евра по сезона плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неверојатен гол во Хрватска: Дупка го измами голманот и топката заврши во мрежата (Видео)

Фудбалерите на Истра постигнаа важна победа во нивната борба за пласман во Европа, совладу…