Според информациите од италијанските медиуми Интер е спремен да го доведе 18-годишниот фудбалер на Аталанта, Алесандро Бастони.
Станува збор за момче кое е капитен на младинската репрезентација на Италија, а медиумите тврдат дека Интер на клубот од Бергамо му понудил 10 милиони евра.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Аталанта ја прифатила понудата на „нероаѕурите“, па Бастони наскоро и официјално ќе стане член на Интер.
Постои можност овој фудбалер кој игра на позицијата стопер да остане во Аталанта и наредната сезона, па да се пресели на „Џузепе Меаца“ дури во сезоната 2018/19.