Алексис Санчез ова лето пристигна во Интер на позајмица од Манчестер Јунајтед со надеж дека ќе ја „оживее“ својата кариера.
Меѓутоа, Чилеанецот немаше среќа со повредите, па не се наметна во составот на Конте, а медиумите тврдат дека Интер донел конечна одлука за неговата иднина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер има опција да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната, но нема да го стори тоа и ќе го врати Санчез во Манчестер Јунајтед.
Една од причините поради кои „нероаѕурите“ донеле ваква одлука е и високата плата на Чилеанецот, која оваа сезона ја плаќаат двата клуба.
Санчез на лето ќе се врати на „Олд Трафорд“, а неговиот договор со Манчестер Јунајтед истекува во 2022 година.