Раководството на Интер постигна договор со играчот за врска на Каљари, Нахитан Нандес, пренесуваат италијанските медиуми.
Оваа недела раководствата на двата клуба ќе имаат средба и ќе се обидат да најдат заеднички јазик за трансферот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Медиумите тврдат дека Каљари ќе се согласи на едногодишна позајмица единствено ако биде вклучена клаузула за задолжителен откуп следното лето за 25 милиони евра.
Односите помеѓу двата клуба се одлични и преговараат за неколку трансфери, а се очекува во наредните денови да биде комплетиран трансферот на Нандес.
Уругваецот може да игра на повеќе позиции, а тренерот Инзаги во него гледа идеална замена за Хакими кој се пресели во ПСЖ.
🔥 #Inter, può essere il giorno decisivo per #Nandez: nuovo incontro con il #Cagliarihttps://t.co/l3V872usTg
— calciomercato.it (@calciomercatoit) August 2, 2021