Дома Фудбал Италија Интер демантира: Нема да го менуваме името!

Интер демантира: Нема да го менуваме името!

Еминентниот италијански весник „Газета дела Спорт“ денес пренесе дека Интер подготвува промена на името и грбот на клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интер е основан 9. март 1908 година и токму на својот 113. роденден ќе го направи овој револуционерен потег, тврди „Газета дело Спорт“.

Официјалното името на клубот е „Интернационале Милано“ и треба да биде променето во „Интер Милано“, а на грбот главни симболи ќе бидат буквите И и М.

„Информациите за промена на името не одговарата на вистината.Клубот веќе една година работи на маркетиншки проект, основан на историските вредности на Интер. Целта е да се обединат милионите фанови ширум светот и дополнително да се засили врската со градот Милано“, соопштија од Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еве како реагираше Мирослав Клосе откако Меси го собори неговиот рекорд

Фудбалската репрезентација на Аргентина извојува победа против Австрија со 2:0 во второто …