Дома Фудбал Италија Интер го следи Јувентус: Ќе го менува грбот и името!

Интер го следи Јувентус: Ќе го менува грбот и името!

Гигантот од Милан на сите им е познат како Интер, а целото име на клубот од северот на Италија е Интернационале Милано.

Меѓутоа од почетокот на март клубот ќе го носи името Интер Милан. Исто така ќе биде претставен нов грб на кој главни симболи ќе бидат буквите И и М.

Освен грбот и името клубот ќе го промени и главниот генерален спонзор, од новата сезона тоа нема да биде „Пирели“, туку најверојатно компанијата Евергранде. Интер е основан 9. март 1908 година и токму на својот 113. роденден ќе го направи овој револуционерен потег.

Сличен потег во 2017 година направи Јувентус, „старата дама“ тогаш го промени грбот и тоа во меѓувреме им донесе голема заработка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ситуацијата поради која навивачите на Звезда долго ќе жалат

Екипата на Милан некако успеа да ја елиминира Црвена Звезда и да го осигура пласманот во о…