Напаѓачот на Интер, Алексис Санчез би можел да ја промени средината по завршување на сезоната.




„Нероаѕурите“ сакаат да го намалат буџетет за плати, а Санчез е еден од најплатените фудбалери во тимот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Поради тоа италијанските медиуми тврдат дека Интер е спремен да го пушти без обештетување на лето.




Алексис пристигна во Интер во 2020 година како слободен агент, а има договор со „нероаѕурите“ до 30 јуни 2023 година.




Интер веќе му потврдил дека слободно може да си бара нов клуб и дека ќе му биде дозволено да замине без обештетување.