Дома Топ вести Интер ги прекина преговорите, Дибала нема понуди од топ клубови

Интер ги прекина преговорите, Дибала нема понуди од топ клубови

Интер ги прекина преговорите со Пауло Дибала и миланскиот гигант не е сигурен дали сака да го доведе Аргентинецот после доаѓањето на Лукаку.

Ова го потврди експертот за трансфери, Ди Марцио, кој истакна дека ниту еден топ клуб од Европа не испратил понуда до Дибала, иако е слободен агент.

„Во оваа фаза Интер ги прекина преговорите и не знам дали воопшто ќе ги продолжат. И Милан размислува за ова, но се уште нема преземено никакви конкретни чекори. Во секој случај, Дибала ќе мора да прифати помала плата од онаа што ја сака, за да оди во Милан. Интерес за него има од Севиља, но му нудат само 3 милиони евра годишно. Ниту еден од врвните клубови во Европа не го сака“, истакна Ди Марцио.

Дибала наводно бара 7 милиони евра по сезона и бонус од 8 милиони евра при потпис на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бернардески ги шокира сите со изборот на нов клуб

Италијанскиот репрезентативец Федерико Бернардески е слободен агент откако му заврши догов…