Интер во последно време игра одлично во Серија А под водство на Пиоли, но раководството има големи планови за следната сезона.
Имено, „нероаѕурите“ ќе имаат голем буџет и следното лето ќе донесат неколку големи засилувања на „Џузепе Меаца“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанските медиуми откриваат дека четири засилувања се веќе „пикирани“ од страна на раководството и клубот работи на реализација на тие трансфери.
Станува збор за двајца дефанзивци, еден стопер и еден бек, потоа еден играч за врска и еден крилен напаѓач.
Веќе е договорен трансферот на Рикардо Родригез од Волфсбург, па Интер ќе ја плати откупната клаузула која изнесува 22 милиони евра. Најголема желба за одбраната е Костас Манолас од Рома за кого „нероаѕурите“ се спремни да платат 45 милиони евра.
Кога станува збор за средниот ред најголема желба е Марко Верати, но тој трансфер е скоро невозможен бидејќи ПСЖ не сака да слушне за негова продажба. Како алтернатива се споменува ѕвездата на Лион, Толисо.
За засилување на крилните позиции на радарот на „нероаѕурите“ се двајцата италијански таленти Доменико Берарди и Федерико Бернардески, па се очекува еден од нив сигурно да пристигне на „Џузепе Меаца“.