Дома Фудбал Репрезентации Иновација во ВАР на Мундијалот: Навивачите на стадионот ќе имаат можност да ја погледнат снимката

Иновација во ВАР на Мундијалот: Навивачите на стадионот ќе имаат можност да ја погледнат снимката

Видео снимките и спорните ситуации кои ќе се прегледуваат на ВАР на фудбалските натпревари на Светското првенство во Русија ќе бидат емитувани и на големите екрани на стадионите.

ВАР ова лето ќе се користи во Русија, покрај критиките кои ги добива од фудбалскиот свет.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Една од иновациите ќе биде што навивачите на стадионите ќе имаат можност да ја погледнат снимката од ВАР на екраните на стадионите.

Снимката нема да биде прикажана истиот момент кога судијата ја прегледува ,туку нешто подоцна, пренесува „Би-Би-Си“.

Видео техонлогијата во овој момент се користи во ФА и Лига Купот во англија, како и во Германија и Италија.

Треба да се истакне и дека претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изрази загриженост за ситуацијата на Мундијалот бидејќи многу од судиите на Мундијалот во Русија немале прилика да судат со ВАР.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Уште едно изненадување од Милан, со Модриќ доаѓа и неговиот соиграч

Лука Модриќ е пред потпис со Милан и сè би требало да биде официјално наредната седмица, а…