Дома Фудбал Иниеста ќе започне од клупата, Валверде со една дилема пред „Ел Класико“

Иниеста ќе започне од клупата, Валверде со една дилема пред „Ел Класико“

Утре на програмата во шпанското првенство е големото дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид, а според шпанските медиуми Ернесто Валверде има една дилема пред оваа средба.

Барселона го пречекува Реал Мадрид, иако ова е натпревар без резултатско значење сепак јасно е дека желбата да се победи најголемиот ривал секогаш е присутна.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Андрес Иниеста за кого ова е последно „Ел Класико“ најверојатно ќе биде оставен на клупата за резерви, а Валверде има дилема за позицијата покрај десната аут линија – Паулињо или Дембеле?

Фелипе Кутињо се очекува да игра на левата страна место Иниеста, остатокот на тимот е познат, а останува да се види дали Валверде ќе се одлучи шанса да му даде на Бразилецот како во првото „Ел Класико“ оваа сезона вили пак ќе започне со Осман Дембеле.

Натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид се игра утре со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конечно: Погба го постигна првиот гол за Монако! (Видео)

Пол Погба го постигна првиот погодок за Монако! Ова се случи на пријателски натпревар прот…