Дома Топ вести Иниеста: Се уште не сум одлучил дали ќе останам!

Иниеста: Се уште не сум одлучил дали ќе останам!

Легендарниот плејмејкер на Барселона, Андрес Иниеста изјави дека сеуште нема донесено конечна одлука за својата иднина.

Договорот на Иниеста со Барселона истекува на крајот на сезоната и се уште нема постигнато договор за продолжување на соработката, иако претседателот Бартомеу го тврдеше спротивното.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Синоќа после дербито со Еспањол Иниеста пред медиумите истакна дека се уште нема донесено конечна одлука.

„Помина доста време од кога ги почнавме преговорите. Раководството ќе постапи така како што мисли дека е најдобро, но мојата единствена желба е да имам добра сезона и да постигнам добри резултати со тимот. Без разлика дали ќе останам во Барса или не, овој клуб секогаш ќе биде мојот дом“, истакна Иниеста.

„Се уште немам донесено конечна одлука, ќе ги разгледам сите можности. Најважно за мене сега е да бидам максимално фокусиран на мојата работа“, додаде легендарниот плејмејкер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…