Дома Фудбал Италија Инзаги по победата: Многу сум задоволен, но ништо не е готово

Инзаги по победата: Многу сум задоволен, но ништо не е готово

Тренерот на Интер Симоне Инзаги истакна дека е задоволен од она што го прикажал неговиот тим против Милан во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Интер како гостин го победи градскиот ривал Милан со 2:0. Во осмата минута Џеко го отвори резултатот, а само три минути подоцна Микхтаријан го постави конечниот резултат.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Многу сум задоволен, првото полувреме беше интезнивно, можевме да постигнем и повеќе од два гола. Беше одличен натпревар, сепак знаеме дека ова е само прв натпревар. Во реваншот ќе ја имаме поддршката од нашите играчи и мораме да вложиме напор да го оствариме нашиот сон“, изјави Инзаги.

Сезонава Интер го победи Милан во три различни натпреварувања, Лигата на шампионите, Серија А и Суперкупот на Италија, а во сите три натпреварувања не прими гол.

„Момците гхо поркија секој дел од теренот. Си помагаа еден на друг. Знаеме дека се уште ништо не е готово“, додаде стратегот на „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус има три начини да го задржи Влаховиќ

Душан Влаховиќ ќе може од зима да преговара со други клубови за својата иднина, бидејќи на…