Симоне Инзаги со само два клуба во период од осум години колку што е тренер успеа да освои девет трофеи, а последниот го обезбеди вчера со Интер со кој со победа против Милан го потврди Скудетото.
Инзаги како играч кариерата ја градеше во Пјаченца која го испраќаше и на неколку позајмици, потоа играше во Лацио, Сампдорија и Аталанта и во 14 години се израдува на само една титула во Серија А, три во Купот и една во италијанскиот Суперкуп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во тренерските води е многу поуспешен и тоа за пократко време. Тимовите кои ги предводи Инзаги ги краси атрактивна игра, а успеа да освои Скудето, три трофеи во Купот и пет во Суперкупот на Италија.
Шест од трофеите освои со Интер со што го престигна Жозе Мурињо кој во Милано за две години освои пет трофеи. Пред Инзаги се само Хеленио Херера и Роберто Манчини, двајцатаи маат по седум.
Исто така Инзаги стана првиот тренер на Интер кој победил на шест натпревари во низа против градскиот ривал. Титулата ја освои на пет кола пред крајот и тоа е израмнување на рекордот во италијанското првенство.