Дома Фудбал Италија Инзаги: Во време на ВАР срамота да се изгуби дерби на ваков начин

Инзаги: Во време на ВАР срамота да се изгуби дерби на ваков начин

Слично како и во „Ел Класико“ каде што Анчелоти е незадоволен по поразот од Барселона и смета дека неговиот тим е оштетен (ТУКА), Симоне Инзаги смета дека Интер неправедно загубил од Јувентус.

Српскиот фудбалер, Филип Костиќ го постигна единствениот гол на дербито на „Џузепе Меаца“. Сепак, според Инзаги тој гол морало да биде поништен поради игра со рака на Рабио.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Срамота е да се изгуби дерби на ваков начин. По натпреварот против Монца во јануари кажавме дека нема да коментираме вакви ситуации, но сега повторно се случи нешто многу сериозно. Неприфатливо е да изгубите натпревар на ваков начин во време на ВАР технологија. 20 пати ја гледавме снимката и исто толку пати видов дека Рабио играше со рака“, изјави Инзаги.

Масимилијано Алегри имаше краток одговор на ваквите зборови на Инзаги.

“Да зборуваме за фудбал, не за судии.Во тој поглед ние сме џентлмени”, порача италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…